MEDIA SOLUTIONS digital advertising
http://www.mediasolutions.mk
http://keepaneye.mk/
Ристо Равановски 6/6,
1000 Скопје
Контакт:
тел.: + 389 2 61 51 992
marketing@mediasolutions.mk
info@keepaneye.mk
MediaSolutions е македонска компанија за интернет марктинг која ги нуди следните услуги:
• Ад сервинг - централизиран менаџмент, таргетирање, мерење и анализа на рекламни кампањи на интернет
• Закуп на интернет медиуми
• Изработка на флеш банери и веб сајтови
• Спроведување истражувања и анкети на интернет корисниците
• Изработка, планирање, одржување на профили на социјални медиуми
• Генерирање контент на Фејсбук и споделување на контентот на квалитетни Фејсбук групи и страници, со или без платени објави
• Рекламирање на YouTube
• Рекламирање на Google
• Рекламирање на Google Display Network со можност за ремаркетинг
MediaSolutions во својата работа користи софистицирани платформи: сопствената платформа Keep An Eye и Gemius платформите - Gemius Direct Effect, Gemius Audience, Gemius Branding Effect.
Платформата на Keep an eye
Keepaneye.mk е софтверска платформа за мали реклами кои се прикажуваат на повеќе од 90 веб сајтови во Македонија. Рекламите се поставуваат под текстовите и прилозите објавени на веб сајтовите во Македонија, како што се dnevnik.mk, , hajdpark.mk, utrinski.mk, republika.mk, press24.mk, 24fudbal.com.mk и многу други. Keepaneye.mk е најпогоден за иницирање нови продажби, за промоции и информирање за новости. Рекламите на Keepaneye.mk се покажуваат пред 700.000 интернет посетители. Системот нуди можност за лесно и ефективно управување со интернет рекламите. Тоа подразбира менување на содржината на рекламите во реално време, статистика за успешност на рекламите (која дава увид во бројот на импресии, на уникатни импресии и кликови) и интеграција со Google Analytics. Системот нуди и контрола врз буџетот (клиентот може да го одредува дневниот и месечниот буџет на рекламата). Keepaneye.mk овозможува и селекција на веб сајтови на кои клиентот сака да се прикажува неговата реклама. И, што е особено важно, Keepaneye.mk има заштита од невалидни кликови.
Платформите на Гемиус
Gemius Direct Effect
Gemius Direct Effect е софтверска платформа за централизиран менаџмент на интернет кампања и за анализа на интернет сообраќајот кој што го генерира кампањата.
Gemius Direct Effect гарантира:
• Независен мониторинг
• Споредливи и унифицирани критериуми при мерењето
• Едноставна употреба
• Можност за следење на целата кампања од едно место
• Соодветно планирање на идни маркетинг кампањи
• Оптимизирање на ефективноста на дадена кампања во реално време
• Техничка поддршка.
Gemius Audience
Gemius Audience е платформа за мерење на интернет посетеноста во Македонија која овозможува анализа на однесувањето на корисниците на интернет. Оваа платформа нуди релевантно рангирање со кое точно се покажува колку е посетен секој веб сајт и каква е социо-демографската структура на посетителите
Gemius Branding Effect
Gemius Branding Effect е платформа за онлајн анкети во Македонија. Препорачливо е пред почетокот и по завршувањето на секоја рекламна кампања да се користи оваа платформа.
Gemius Branding Effect овозможува квалитативно мерење на влијанието на кампањата врз интернет корисниците; дава увид во тоа колку луѓето знаат за брендот (brand awareness); како и колку се користи брендот; дава увид во намерите за купување и преференците кон брендот; дава информации кои се однесуваат на имиџот на брендот. Сето ова и е потребно на една современа компанија која сака да успее на пазарот.
Поставување банери
За брендирање на вашата компанија или производ, MediaSolutions поставува премиум банери на своите партнерски сајтови. Овој начин на рекламирање е најдобар за промоција на вашиот производ или услуга, иницирање нови продажби, привлекување потенцијални клиенти, како и креирање на имиџ на компанијата.
За секој клиент посебно изработуваме медија план според кој импресиите по сајтови се распределуваат според точно дефинирана таргет (целна) група за вашата кампања. Целта е да се постиглне најголем можен ефект.
Банерите ги пласираме преку нашиот ад-сервер и имаме целосен увид во ефектите на вашата кампања и во реално време ги следиме статистиките.
По завршување на кампањата клиентот добива целосен извештај со детални статистики преку кои можете да се согледа ефектот од кампањата. Се препоручува овие статистики да ги користите во планирањето на вашите наредни кампањи.
Фејсбук
Професионално водење на Фејсбук страница е уште една од услугите на MediaSolutions. На прашањето која е првата страница која ја отварате на интернет и на која страница поминувате најмногу време во текот на денот, одговорот најчесто е: facebook.com. Фејсбук е добар медиум за рекламирање. Но и тој има правила и тајни кои не ги знае секој. За да биде една фан страница поприсутна на фејсбук треба да се знаат повеќе работи. Како изгледаат постовите што ќе привлечат најмногу вниманието? Како правилно се постира, колку често се постира, како се таргетира, колкава треба да биде должината на текстот, колку е важна содржината, каков треба да биде односот меѓу текстот и фотографијата на еден пост? Ова се само неколку поважни прашања на кои треба да се знае одговорот ако сакате да имате поуспешна рекламна кампања на фејсбук.
Ако немате одговори на ове прашања, тогаш е подобро да му ја препуштите работа на стручњаци со искуство. Ние во mediasolutions.mk знаеме да го искористиме потенцијалот што го има Фејсбук во најдобар интерес на нашите клиенти.
Google AdWords
Доколку сакате другите да ја видат вашата реклама при секое пребарување на Google, MediaSolutions нуди Google AdWords реклами. Рекламирањето на Google е најефикасно средство за директен маркетинг. Google достигнува до повеќе од 1.200.000 македонски интернет корисници и токму затоа со реклама на Google AdWords вие можете да ги опфатите сите ваши потенцијални клиенти кои ги бараат вашите производи или услуги, односно рекламата може да ја видат сите оние кои бараат информации преку Google.
Вашата реклама секогаш ќе биде поставена на првата страница од резултатите на google пребарувањето на една од првите три позиции на лево или една од осумте позиции на десно.
MediaSolutions ви нуди стручни совети за планирање, спроведување, ефикасно управување и следење на рекламните кампањи, како и за изборот на клучни зборови (keywords). Рекламирањето со Google AdWords вклучува анализа и извештаи за ефикасноста на кампањата и нејзина оптимизација.
YouTube реклами
MediaSolutions нуди и YouTube реклами. YouTube е втор најголем пребарувач во светот, поголем од Yahoo, Bing и Ask заедно. Затоа што има голем досег, YouTube е одлична алатка за пласирање реклами. На YouTube секоја минута се прикачуваат видеа со вкупно времетраење од 100 часа и секој месец се гледаат 6 милијарди видеа. Во Македонија 73% интернет корисници користат YouTube, а 49% YouTube корисници прво ги разгледуваат YouTube видеата за одреден производ или услуга и потоа донесуваат одлука за купување. При огласување на YouTube се наплаќа само за целосно изгледано видео, односно по 5 изгледани секунди од огласот се појавува можност да се прескокне огласот и во тој случај огласот не се наплаќа. За огласите кои се подолги од 30 секунди се наплаќа само во случај кога корисникот ќе изгледа 30 секунди или повеќе. Додека, пак, за огласите пократки од 30 секунди се наплаќа само кога корисникот ќе го изгледа огласот од почеток до крај.
MediaSolutions користи три вида YouTube огласи:
- TRUEVIEW IN-STREAM TrueView in-stream огласот се појавува пред почеток на видеата
- TRUEVIEW IN-SEARCH Тrue View in-search оглас се прикажува како предлог видео во пребарувачот на YouTube
- TRUEVIEW IN-DISPLAY True View in-display огласот се прикажува како предлог видео од десната страна.
95 % од времето поминато на интернет ни оди во читање на содржини на веб сајтовите. Google Display Network овозможува лесно и ефикасно рекламирање на повеќе од 2 милиони светски веб сајтови, вклучувајќи ги и најпознатите, како: weather.com, nationalgeographic.com, time.com, nbc.com, tumblr.com, tripsdvisor.com и многу други. Google Display Network ви овозможува да привлечете внимание преку директно пласирање на вашите реклами пред потрошувачите. Рекламирањето на овој начин ве издвојува од конкуренцијата.
Целта на Google Display Network е едноставна: вашата порака да допре до вистинските клиенти кога тие се online.
Алатките на Google за контекстуално таргетирање ги поврзуваат вашите реклами со релевантни веб-сајтови. На пример: ако рекламирате производи за козметика, вашата реклама ќе се прикаже на најпознатите светски сајтови во областа на козметиката и убавината. Всушност, системот на Googlе пајак, ги гледа зборовите на содржината поврзани со одредени клучни зборови и ја позиционира реклама.
Google Remarketing ја прикажува вашата реклама на корисници кои претходно ја посетиле вашата веб сајт.
На овие корисници може да им се прикажат реклами прилагодени за нив во зависноста од тоа која страница од вашиот сајт ја посетиле. Вашите реклами може да им се прикажат додека посетуваат други сајтови кои се дел од Google Display Network или додека бараат работи на Google кои се поврзани со вашите производи
Ремаркетингот е најдобар начин да останете поврзани со вашата целна група. Вашите релевантни реклами и понуди ќе бидат постојано присутни на интернет, а тоа значи дека и вашиот бренд е секогаш присутен и е на врвот на пребарувањата токму кога вашите клиенти се подготвени да купат производ што вие го нудите.

No comments:
Post a Comment
Note: only a member of this blog may post a comment.