25.6.14

Gemius Direct Effect - успешна и неуспешна онлајн кампања

Првиот пример се однесува на успешна онлајн кампања. Кампањата на нашиот клиент огласувач, чие име, од деловни причини, не го спомнуваме, е една од поуспешните кампањи кои се спореведени досега во Македонија, користејќи ја Gemius Direct Effect платформата. Нашиот клиент нуди интернет продажба на својот веб сајт и целта на кампањата беше со зголемување на посетите на веб сајтот да се зголеми  продажба. Анализата на податоците добиени од кампањата му дава јасна слика на клиентот за успешноста во пласманот на креативите, интеракцијата на корисниците со нив, колку неговата понуда е атрактивна и какви ефекти предизвикала.
На прикажаната слика може да се забележи, дека споменатата кампања траела еден месец, остварила 13.200.000 импресии, и 91.000 кликови. Click through rate (CTR) е 0,69%, а светскиот просек е 0,1%. Тоа значи дека кампањата предизвиката 7 пати поголем интерес од просекот, односно дека креативите биле одлични. Бројот на посетители кои генерирале успешни кликови (успешен клик се смета, кога корисникот ќе остане на страната доволно за да му се вчитаат сите скрипти на таа страна) бил 49.500, од кои 32 000 биле уникатни.
Податоците добиени од продажбата кажуваат дека се оствариле 4.300 продажби, од кои 500 со директно кликање на банер од кампањата се до комплетирање на продажбата, а 3.800 клиенти дошле во допир со некоја од креативите претходно, а потоа го извршиле онлајн купувањето. Продажбите на клиенти кои не дошле во допир со кампањата не се бројат. Досегот на кампањата бил до 850.000 уникатни колачиња, или 350.000 реални корисници, односно 37.30% од вкупната интернет популација во Македонија



Вториот пример илустрира една неуспешна онлајн кампања. Ова е пример за неуспешна кампања и покрај големиот буџет.

 Станува збор за кампања на македонска компанија која траеше 3 недели, на повеќе од 10 македонски веб сајтови, со takeover и standard креативи и има остварено 26.000.000 импресии и 76.000 кликови. Соодносот помеѓу направените импресии и кликови или CTR е висок со 0,29%, ако се земе во предвид дека просекот е 0,1%, што значи дека креативите биле успешни и предизвикале интерес. Неуспехот на кампањата се гледа според бројот на успешни кликови – само 182 од вкупно 76.000 кликови. Тоа укажува две работи – лошо дизајниран веб сајт кој што не ги задржува интернет посетителите, и/или лоша продажна понуда. Од двата примери што ги опишавме може да се види дека со користењето на алатките Gemius Direct Effect и Gemius Audience интернет кампањите добиваат можност за прецизно мерење, анализа и таргетирање, со што се зголемува нивната ефективност и ефикасност. Со овие алатки може да се види вистинската моќ на една рекламна кампања на интернет.
Платформата Gemius Direct Effect е потребна за секоја компанија во Македонија. И погрешно би било да се искористи само еднаш. Сите останати анализи  (било социодемографски, географски анализи, или анализи по креативи и по сајтови, по ден, по недела, или за цела кампања), кои можат да се направат со алатките на Gemius, можат да придонесат компаниите, или рекламните агенции, во наредните кампањи попрецизно да таргетираат и на тој начин да имаат повисок ROI.

No comments:

Post a Comment

Note: only a member of this blog may post a comment.