6.7.14

10 работи што мора да ги знаете за да имате успешна рекламна кампања на интернет


  1. Веб сајтот на вашата компанија е landing page!
  2. Вашиот веб сајт (вклучувајќи ја секоја страница на сајтот која, исто така, е landing page) мора да функционира како каталог на производи или услуги.
  3. За секоја група на производи или услуги креирајте посебни текстуални реклами. Keepaneye.mk платформата ви го овозможува тоа речиси во реално време. 
  4. За секоја група производи/реклами или услуги/реклами креирајти посебни landing pages. Зошто? Ако купувачот кликне на рекламата за монитор, значи дека е заинтересиран токму за таа понуда и кликот треба да го упати на страницата каде што се информациите и понудите за мониторите, а не на почетната страница на вашиот сајт или на некоја друга страница (на која се наоѓаат, да речеме, информациите за клима уреди). Инаку, кликот ќе го смета за грешка и ќе го напушти вашиот веб сајт. 
  5. Landing page мора да содржи релевантни информации за заинтересираниот. 
  6. Водете евиденција која група производи/реклами најчесто се клика, колку продажби се реализирани и кој сегмент на производи или услуги привлекува најмногу купувачи.
  7. Учете од присобраните бројки. Ако имате висок clickrate (многу кликови), а лоша конверзија (продажба), тогаш многу веројатно е дека вашата текстуална реклама функционира добро, а landing page (на вашиот веб сајт) треба да се подобри.
  8. Целта на онлајн рекламите не е да направите многу кликови. Нивната цел е да постигнете повисок степен на конверзија (да имате повеќе купувачи).
  9. Подредете го асортиманот на производи или услуги според најбараните групи производи или услуги.
  10. Ставете повеќе реклами за оние групи производи или услуги кои најмногу се се бараат. А тоа лесно ќе го утврдите преку бројот на кликови.

No comments:

Post a Comment

Note: only a member of this blog may post a comment.