3.7.14

Кој медиум доминира во рекламирањето?


Кај нас телевизијата е кралот и е далеку поголем медиум од сите други кога се поставува прашањето: каде одат парите за рекламирање во Македонија?. Најголемата причина за оваа ситуација е неупатеноста. Компаниите не се доволно информирани за можностите на интернет-маркетингот, дека ласерски точно може да се таргетира, дека може да се добијат точни метрики за досегот на рекламата, за бројот на прикажувања, бројот на кликови, за  социодемографската структура на реалните интернет-корисници на кампањата и многу други прецизни метрики коишто не се достапни во другите медиуми, а кои овозможуваат да се допре до вистинските клиенти или до огромен број потенцијални клиенти. Во развиените земји  уделот на интернетот во маркетинг-колачот се приближува до оној на телевизијата, а стапката на раст на интернет-маркетингот е многу поголема од онаа на телевизијата. Маркетинг-теоретичарите тврдат дека за кратко време нема да постои кованицата дигитален маркетинг, туку за маркетингот ќе се подразбира дека е дигитален. Во таа насока оди и технологијата. Не е далеку времето кога сите ТВ-апарати ќе бидат, всушност, дел од интернет-мрежата и програмата ќе ја добиваме на поинаков начин - on demand. Не е далеку времето кога сите алатки за интернет-мерење и таргетирање ќе ја опфаќаат пошироката област на веб сајтови и на телевизиски канали.

No comments:

Post a Comment

Note: only a member of this blog may post a comment.