17.9.14

Дваесет пати да ја видат рекламата пред да купат или...


И по толку многу години во рекламирањето речиси ништо не е сменето.
Можеби она што Томас Смит го кажал пред 130 години важи повеќе денес, кога бројот на веб сајтови надминува 1 милијарда, кога времето кое интернет корисниците го поминуваат на една веб страница се мери во секунди, а не минути. 
Навистина успешна онлајн рекламна кампања не може да трае само неколку дена. Едноставно, шансите се големи никој да не ве забележи.


Еве го познатиот цитат од Смит:

"Првпат кога ќе видат една реклама, луѓето дури и не ја гледаат.

Вторпат, не ја забележуваат.
Третпат, свесни се дека ја има.
Четвртиот пат, за миг имаат чувство дека ја виделе порано некаде. 
Петтиот пат конечно ќе ја прочитаат рекламата.
Шестиот пат веќе им е сеедно за рекламата.
Седмиот пат полека почнува да ги нервира.
Осмиот пат почнуваат да си велат „еве ја пак таа реклама, да му се сневиди”.
Деветиот пат почнуваат да се прашуваат да не пропуштиле нешто.
Десетиот пат ги прашуваат пријатели дали го пробале тоа што се рекламира.
Единаесетиот пат се прашуваат како фирмата плаќа за сите овие реклами.
Дванаесетиот пат почнуваат да мислат дека мора да е некој добар производ.
Тринаесетиот пат почнуваат да чувствувват дека производот има некоја вредност.
Четиринаесетиот пат се присетуваат дека долго време сакаат да купат токму ваков приозвод.
Петнаесетиот пат сакаат да го имаат затоа што немаат доволно пари да го купат.
Шеснаесетиот пат си потврдуваат дека кога било во иднина ќе го купат.
Седумнаесетиот пат си запишуваат дека треба да го купат производот.

Осумнаесетиот  се лути на себе затоа што се сиромашни и не можат да го купат тој фантастичен производ.
Деветнаесетиот пат внимателно ги бројат парите.
Дваесетиот пат, кога ќе ја види рекламата,
 потенцијалниот купувач го купува тоа што таа го нуди".

Но, во 21 век не мора да бидат дваесет пати. 
Со платформите на MediaSolutions интернет корисниците гледаат една иста реклама во просек 3-4 пати. 
Денес, во онлајн рекламирањето ги мериме работите: 

На пример, ако се рекламирате преку keepaneye.mk ќе ги добиете овие параметри:
  • во период од 10 до 15 дена рекламата ќе се прикаже 2 000 000 пати на најпосетуваните веб сајтови во Македонија (Дневник, Утрински весник, Република и уште деведесет сајтови и портали).
  • Рекламата ќе ја видат 700 000 луѓе во Македонија. 
  • Според нашите статистики, кои се поклопуваат со светските искуства, рекламата ќе ја кликнат 2000 луѓе (ctr = 0,1 %).
Нашите (и светските) проценки кажуваат дека 50-60-тина од тие 2000 луѓе што кликнале на рекламата ќе го купат производот (click to conversion ratio се движи меѓу 1 и 5 %, односно во просек изнесува 3%).
Тоа не е мал процент. Ако вашиот производ или услуга чини 50 евра, вие преку keepaneye.mk, во просек сте продале стока во вредност од 2500 евра. 
Ако рекламната кампања со која ги добивате овие бројки на прикажувања и кликови чини само 200 евра, тогаш имате успешна кампања. За 200 евра сте продале производ или услуга во вредност од 2500 евра.

Или, ако нудите туристички аранжман кој чини 200 евра, тогаш инвестирањето во онлајн рекламирањето може да има уште повеќе ефект.  За рекламна кампања која чини колку еден продаден аранжман, може да продадете меѓу 20 и 100 нови аранжмани!

Ако, пак, вашиот производ чини многу повеќе, како, на пример, семеен автомобил, тогаш е повеќе од извесно дека вложувањето во онлајн рекламирање преку keepaneye.mk е исплатливо. Во таков случај, буџетот за рекламирање може да го зголемите и за неколку пати. На пример, за 1000 евра може да направите 20 милиони прикажувања на една реклама. Тоа се 20 000 кликови! Или, 200 до 500 потенцијални купувачи ќе влезат во вашиот продажен салон. За автомобил со цена од 10 000 евра, ова е добар број на нови посетители кои се подготвени да издвојат толкава сума пари.

Тука рекламата ја извршила својата функција. На нејзино место стапувате вие. Ако имате добар производ со добра цена, крајниот резултат на кампањата треба да биде продажба и заработувачка. И, секако, враќање на парите што сте ги инвестирале во рекламата.




No comments:

Post a Comment

Note: only a member of this blog may post a comment.