2.10.14

Не се сите сајтови секогаш еднакво добри за рекламирање


Keep an eye ги прикажува вашите реклами на повеќе од 90 веб сајтови во Македонија. Некогаш е добро вашата реклама да оди на сите сајтови, некогаш е добро да изберете на кои веб сајтови сакате да оди вашата реклама.

Ќе го објасниме ова.

Важно е колку пати ќе се прикаже вашата реклама на интернет. Но, важно е и колку корисници ќе кликнат на рекламата и ќе отидат на вашиот веб сајт.

Нашето искуство и светските искуства кажуваат дека во просек 1 000 000 импресии генерираат 1000 кликови (ctr = 0,1).

Но, тоа е просек. На некои веб сајтови или портали бројот на кликови може да биде помал, на некои поголем.

На пример, во рекламната кампања на еден наш клиент, на "Сајт 1" биле остварени 4.700.000 импресии, што е најмногу од сите веб сајтови на кои се прикажувала рекламата, но, затоа имала најмал број кликови, 2.500 (ctr е речиси 10 пати под просекот).

Тоа покажува дека социодемографската струкура на овој сајт не била поволна за оваа кампања. Што не значи дека нема да биде поволна за рекламирање друг вид производ или услуга.


На друг сајт, со истата реклама, има остварено 3.200.000 импресии и 33.000 кликови, што е светски просек на ctr (0,11), што зборува за поволна социодемографска структура и правилна одлука при изборот на сајтот.

Ова се смета за успешна кампања.

No comments:

Post a Comment

Note: only a member of this blog may post a comment.