16.10.14

Ако сакаш да продадеш, мораш да се рекламираш на интернет


Купувачите сè повеќе се на интернет. Што значи тоа? Продавачите треба да направат сè за да можат купувачите да ги најдат на интернет. Тоа значи, ако сакаш да продадеш, мораш да се рекламираш на интернет, мораш да се позиционираш на локалниот пазар. 
Тоа е најбитното што прво и треба на една фирма ако сака да биде присутна на интернет. Но, тоа не е доволно.
Се почесто потрошувачите бараат информации за производите или услугите што сакаат да ги купат на интернет. Во Македонија има 1.260.000 корисници на интернет, што е навистина голем број потенцијални клиенти за кој било бизнис.
За почеток треба да имате веб-сајт на вашата компанија, или фејсбук страница. Не може да почнете бизнис, а да не се рекламирате на интернет. 
Денес секоја компанија мора да има добар веб сајт. Сѐ почесто веб сајтот е првото што го бараат купувачите. 
Правилото е: ако имате фирма, имате и веб сајт. Но, тоа не е доволно. Треба активно да се рекламира веб сајтот.

 Треба да привлечете што повеќе интернет корисници да ги посетат вашиот сајт или фејсбук страница. Целта е што повеќе заинтересирани луѓе (купувачи) да разберат за вашиот веб сајт и за вашите продукти и услуги. Да допрете до што повеќе од 1 150 000 корисници на интернет во Македонија. 


Што повеќе линкови

Најефикасниот начин за повеќе луѓе да дознаат за вашиот веб сајт е да поставите што повеќе линкови на интернет кои ќе упатуваат на вашиот веб сајт и на тој начин да ги доведете клиентите до вашиот веб сајт за да разберат повеќе за вашите производи или услуги. Најчесто компаниите во Mакедонија кои имаат веб сајт се рекламираат offline (флаери, весници, телевизија), или на фејсбук и тоа е го прават сами. Сепак, и во Македонија има агенции за интернет маркетинг кои располагаат со софистицирани платформи кои брзо и лесно можат да привлечат голем број интернет корисници да го посетат вашиот веб сајт. Подобро е да ги користите услугите на агенциите за интернет маркетинг отколку сами да го правите тоа. Mediasolutions.mk е агенција за интернет маркетинг која успешно работи веќе неколку години. Со платформите на MediaSolutions.mk можете да опфатите повеќе од 2 третини (700 000) од интернет корисниците. Со платформите на MediaSolutions.mk можете да поставите реклами на 90 најпопуларни и најпосетувани сајтови и портали во Македонија. 
И, што е најважно, рекламирањето преку интернет е поевтино. 




No comments:

Post a Comment

Note: only a member of this blog may post a comment.