Ако сте биле на плажа во Грција сте ги
забележале Африканците кои продаваат копии на Вуитон ташни, часовници и разни
дребулии.
Ако го викнете да ви покаже што продава
тоа е клик. И тогаш може да ги видите
сите ташни и да разгледувате и да бирате.
Ова е abc на онлајн рекламирањето. Она што најмногу го разликува од традиционалното рекламирање е мерењето.
Колку луѓе има на плажата – не може да одговорите. Колку африканци биле викнати да покажат што продаваат и колку пати – исто така, не може да знаете.
Колку луѓе има на плажата – не може да одговорите. Колку африканци биле викнати да покажат што продаваат и колку пати – исто така, не може да знаете.
Ниту Aфрика ман, ниту тој за кого
работи не знае. На крај само знаат колку продале.
Во онлајн маркетингот е малку поинаку.
Ние во MediaSolutions, знаеме колку
имало на плажата, колку пати биле викнати продавачите од туристите и сè повеќе
може да знаеме колкава е продажбата. (затоа што се повеќе се продава онлајн).
Замислете дека сите што користат
интернет во Македонија се туристи на плажа. На македонската виртуелна плажа има
1 280 000 посетители. Ако се рекламирате преку нас, тоа ќе биде како да сте
ангажирале околу 500 продавачи (нашите
рекламите се појавуваат на 90 веб сајтови на повеќе од 500 позиции). Нив ќе ги
видат повеќе од 700 000 (на плажата), и тоа
повеќе пати – вкупно околу 2 000 000 пати.
И, што е најважно, знаеме дека 2 000 пати
ќе ја кликната вашата реклама ( 2000 “туристи” ќе ги викнат пријателите од Африка да видат што продаваат).
Кликот го води заинтересираниот купувач на веб сајтот на продавачот кој треба
да се гледа како каталог на производи.
И може да знаеме за што најмногу кликаат
потенцијалните купувачи (можеме да знаеме точно за кои ташни се викаат продавачите на плажа).
И знаеме
дека во просек 50 од нив ќе купат нешто. Под услов понудата да е интересна, квалитетна и конкурентна. И дека, веќе е правило, производот што се нуди е поевтин, и дека се нуди попуст или некој бонус.
Во светот на дигиталниот маркетинг во
секое време знаеме што се случува. Во дигиталниот маркетинг постојани се мери и
се прават статистики.

No comments:
Post a Comment
Note: only a member of this blog may post a comment.