FAQ



Што го прави онлајн рекламирањето поинакво? (1)
Онлајн рекламирањето е интересно од повеќе аспекти:

  • Трошоци – онлајн рекламирањето може да се прави и со мал буџет, што го прави многу погодно за мали и средни претпријатија.
  • Видливост – онлајн рекламирањето придонесува да се придобијат нови клиенти и купувачи до кои инаку тешко се доаѓа. (на пример, за 6500 ден. печатиш и поделуваш 1.000.000 визит картички!).
  • Непосредна комуникација – интернетот ја забрзува комуникацијата и веднаш овозможува дијалог со тие што во моментот ја гледаат рекламата.
  • Мерливост – за разлика од други медиуми онлајн рекламирањето нуди многу попрецизни податоци со кои може да се мери успешноста на рекламирањето.

Која е користа од онлајн рекламирањето наспроти традиционалното рекламирање? (2)

Во рекламирањето сите имаат иста цел: да привлечат што повеќе купувачи. Се делат флаери, се прават реклами за радио, телевизија. Се работи за тоа луѓето да разберат за вас и да знаат за вас. И, конечно, да го купат тоа што го нудите.
Притоа, треба да ги знаете одговорите на неколку прашања: кој медиум ќе го користите за рекламирање? Дали знаете колку чини рекламирањето во зависност од тоа кој медиум го користите и колку луѓе може да ја видат рекламата? Колку е рекламирањето на интернет поефикасно и поевтино од традиционалните реклами?
Одговорите на овие прашања ќе ви заштедат пари. На пример, ако отпечатите 6000 наједноставни флаери по цена од 1 денар по флаер, тоа ќе ве чини околу 100 евра, без да ја вклучите цената за дизајнот и трошоците за дистрибуција. Најоптимистичкото очекување е еден флаер да го видат двајца луѓе. Инаку, се смета дека само 10 до 17% од флаерите воопшто некој ги гледа. Значи, само 600 до 1000 флаери ќе ја постигнат целта. Но, да претпоставиме дека сите 6000 флаери ќе ги видат 12 000 луѓе (според најоптимистичкото и, за волја на вистината, нереално очекување). Според формулата на CPM  цената на флаерот е над 8 евра. Ова кажува: за да ве видат 1000 луѓе треба да одвоите околу 8 евра.
Да ги наброиме главните предности на онлајн рекламирањето:
  1. Попрецизно таргетирање
  2. Поефикасен маркетинг
  3. Мерливост
  4. Помали трошоци
  5. Подобар ROI на рекламните кампањи
  6. Можност да ги приспособуваш стратегиите динамички
  7. Подобри степен на конверзија
  8. Пристап кон податоците за реакциите на потрошувачите.

Колку чини рекламирањето со Keepaneye.mk? (3)
Со платформата Keepaneye.mk може да направите неколку милиони импресии (прикажувања) на 90-тина веб сајтови на македонскиот интернет простор. Ќе ве види мнозинството интернет корисниците во Македонија, односно околу 700 000 луѓе. И тоа ќе ве чини 100 евра. Според формулата на CPM цената на Keepaneye.mk рекламите е 0,03 евра! Тоа е преку 200 пати поевтино од рекламирањето со флаер!Притоа, добивате можности кои ги немате со флаерот. Можете да ја менувате содржината на рекламната порака колку пати сакате. Може да нудите различни производи и услуги. Можете да мерите кој производ е најатрактивен за заинтересираните. Може да мерите кој слоган и која фотографија привлекуваат најмногу корисници на интернет. Може да мерите колку корисници го виделе вашата веб сајт преку рекламите на Keepaneye.mk.Тоа го прави рекламирањето преку Keepaneye.mk многу понапредно и пософистицирано од рекламирањето со флаери. Користа од интернет рекламирањето е очигледна. И со мал буџет може да постигнете многу повеќе отколку со традиционалните форми на рекламирање.


Што е Gemius Direct Effect? (4)
Gemius Direct Effect е софтверска платформа за централизиран менаџмент на интернет кампања и за анализа на интернет сообраќајот којшто го генерира кампањата.
Оваа онлајн платформа овозможува следење и увид на ефективноста на рекламите врз целната веб страница на кампањата со статистика која вклучува повеќе од 30 основни параметри. Следење на кампањата и извештаите во реално време како и увид во географскиот досег на кампањата.
Gemius Direct Effect гарантира:

  • Независен мониторинг
  • Споредливи и унифицирани критериуми при мерењето
  • Едноставна употреба
  • Можност за следење на целата кампања од едно место
  • Соодветно планирање на идни маркетинг кампањи
  • Оптимизирање на ефективноста на дадена кампања во реално време
  • Техничка поддршка.
Метриките кои што ги нуди софтверот, односно параметрите за успешност на една интернет кампања се следниве:
  • Досег на кампањата
  • Број на уникатни корисници (real users) пред кои е прикажана рекламата
  • Број на прикажувања (импресии)
  • Број на корисници кои кликнале брз рекламата (број на кликови)
  • Географска покриеност
  • Социо-демографска структура на посетителите на веб страниците
  • Број на успешни кликови
  • Просечно поминато време по посетител...
Ова се само дел од метриките кои ги нуди софтверот. Gemius Direct Effect нуди над 50 метрики.


Како се мери популарноста на сајтовите или на другите медиуми? (5)
Популарноста на сајтовите може да ја види секој поединец на сајтот audience.mk. Меѓутоа, посетеноста не е единствениот релевантен параметар за избор на сајт за интернет-реклама. Со помош на социодемографските анализи на Гемиус (според пол, возраст, географска положба, висина на приходи и уште многу други параметри) и со можноста за бихејвиорално таргетирање овозможено е да се лоцира целната група на клиентот кои сајтови ги посетува и ласерски прецизно да се таргетира. Значи, ако некој сајт е најпосетен, а публиката во голем процент е малолетна, тогаш тие не претставуваат целна група за реклами од автомобилската индустрија, на пример. Затоа, алатките на Гемиус се потребни за да се постигне максимална ефективност и ефикасност од интернет-рекламите. Ние во Медиа солушнс го правиме ова таргетирање и медиа планирање за нашите клиенти и за маркетинг-агенциите со коишто соработуваме.


Кој медиум доминира во искористувањето средства од рекламите и како другите се распоредени по него? (6)
Кај нас телевизијата е кралот и е далеку поголема од сите други медиуми во однос на маркетинг-буџетот. Според нас, најголемата причина за оваа ситуација е неедуцираноста на клиентите. Тие не се информирани за можностите на интернет-маркетингот, ласерски точното таргетирање и исто толку точните метрики за досегот на рекламата, бројот на прикажувања, бројот на кликови, бројот и социодемографската структура на реалните интернет-корисници на кампањата и многу други прецизни метрики коишто не се достапни во другите медиуми, а кои овозможуваат да се допре до вистинските клиенти или потенцијални клиенти. Во развиените земји во светот уделот на Интернетот во маркетинг-колачот се приближува до оној на телевизијата, а стапката на раст на интернет-маркетингот е многу поголема од онаа на телевизијата. Маркетинг-теоретичарите тврдат дека за кратко време нема да постои кованицата дигитален маркетинг, туку за маркетингот ќе се подразбира дека е дигитален. Во таа насока оди и технологијата не е далеку времето кога сите ТВ-апарати ќе бидат, всушност, дел од интернет-мрежата и програмата ќе ја добиваме на поинаков начин, on demand. Во некоја не многу далечна иднина очекуваме сите алатки за интернет-мерење и таргетирање да се развијат и да ја опфатат пошироката област на веб сајтови и на телевизија.


Колку чини рекламирањето со флаери? (7)
Рекламирањето со флаери е скапо и речиси никој не се грижи за тоа. Стара навика која тешко се искоренува,иако чини пари. Да објасниме со неколку примери. Да претпоставиме дека цената на еден флаер е 1 денар. И дека тиражот е 6000 примероци. Станува збор за најевтин и неатрактивен флаер. Најоптимистичкото очекување е флаерот да го видат двајца луѓе. Мажот го зема од сандачето и и го дава на жената. Значи да претпоставиме дека сите флаери ќе ги видат 12 000 луѓе (тоа е најоптимистичкото и, за жал, нереално очекување). Според формулата на CPM цената на флаерот е над 8 евра. Ова кажува: за да ве видат 1000 луѓе треба да одвоите околу 8 евра.

 
Притоа, ова е цена само за печатење на флаерите. Ако се земе и цената на дизајн, на креативната изработка и на дистрибуцијата, тогаш се доаѓа до цена преку 10 евра.
Иако за пристоен флаер (илјада примероци а5 формат колор) цената може да биде и 100 евра. Тогаш cpm е сосема поинаков:
 
Ова го прави рекламирањето со флаери поскапо и од рекламирањето на телевизија и тоа на канали кои не се многу гледани.
Инаку, се смета дека само 10 до 17% од флаерите воопшто некој ги гледа. Значи, само 600 до 1000 флаери ја постигнуваат целта.
Како изгледа cpm во таква една реална ситуација? Формулата е следна:
Ова веќе е загрижувачки висока цена. Флаерот со ваков cpm чини колку и 5  рекламни спотови од 30 секунди на Македонската радио телевизија.
Kој е заклучокот? Иако е уште многу застапен во рекламирањето во Македонија, флаерот е застарен и прескап според ефектот што го постигнува.

Многу поелегантно и поевтино е рекламирањето преку платформата на Keepaneye.
Малите реклами поставени во смарт бокс, со тизер слика, тизер текст и наслов, кои се појавуваат на 90 веб сајтови портали во Македонија се многу поинтересни и поефективни.
CPM за Keepaneye е исклучително низок. И според тоа колку луѓе (поединечни корисници на интернет) ги виделе и според тоа колку пати се прикажани на интернет. Tака, по уникатни импресии (значи по тоа колку поединечни корисници ги виделе рекламите) cpm на keepaneye огласите е 0,15 евра! Тоа 50 пати поевтино и од најнискиот cpm за флаер што го дадовме погоре.
Cpm по уникатни импресии се пресметува вака:
 
За пакет од 100 евра добивате и до 700 000 уникатни импресии. Повеќе од 2 третини од интернет корисниците ќе ги видат вашите реклами.Cpm по вкупен број импресии преку платоформата Keepaneye е уште помал. Изнесува околу 0,03 евра. За пакет од 100 евра вашите рекламите ќе се прикажат и до 3 000 000 пати. 
Притоа, да не се заборави, рекламите на платформата Keepaneye се линкови кои водат до веб сајтот на фирмата што се рекламира. И тоа точно до страницата на која се наоѓа производот што се рекламира.


Што е cpm и како се пресметува? (8)
Cpm (Cost-per-Mille или Thousand Ad Impressions -TAI) е поим кој се користи во медиумското планирање. Со помош на cpm се утврдува колку чини рекламирањето во различни медиуми (на пример, спот на телевизија, реклама во весник или на интернет). Cpm одредува која сума пари е потребна една реклама да ја видат (прочитаат или чујат) 1000 луѓе.


Ова е формулата:

цена на оглас
----------------- X 1000 корисници = цена по илјада визуелни контакти со корисници
нетоопфат [1]

За весници cpm би се пресметувал на следниот начин:

цена на оглас (реклама)
----------------------------- X 1000 корисници = цена по илјада корисници
продадени примероци x
коефициент на читаност [2]

[1] Нетоопфат е вкупниот број на контакти преку различни медиуми. За печатени медиуми тоа е број на читатели, за телевизија е број на гледачи, за радио е број на слушатели, за веб страници е број на импресии.
[2] Нема егзактна формула. во Македонија тој коефициент изнесува 4. Значи, за еден весник кој има тираж од 1000 примероци се смета дека има 4000 читатели.



Колку изнесува CPM за разни медиуми во Македонијa ?(9) 

Тиражен македонски дневник                      cpm =14,25 евра (900 денари)
Тиражен македонски дневник                      cpm = 3,75 евра  (230 денари) 
Тиражен македонски неделник Капитал       cpm = 6 евра (350 денари)  
Гледана емисија на телевизија                    cpm = 4 евра (250 денари)
Реклама на МТВ                                          cpm = 3 евра (200 денари) 
Реклама на радио (Бубамара)                      cpm = 4 евра (250 денари)
Флаер                                                         cpm = 8,3 евра (510 денари)
Презентација во трговски центар                cpm = 4 евра (250  денари) 
Бизнис картичка                                         cpm = 10 евра (610 денари) 
Билборд                                                     cpm = 14 евра (850 денари)* 
Билборд                                                     cpm = 0,6 евра (37 денари)**   
Банер во dnevnik.mk                                   cpm = 2,5 евра (150 денари)
Жичарница Водно                                       cpm = 8,3 евра (510 денари)
Keep an eye                                                cpm = 0,5 евра (30 денари)
Keep an eye                                                cpm = 0,09 евра (5 денари)**

* по уникатни гледања
** по импресии

 


No comments:

Post a Comment

Note: only a member of this blog may post a comment.