27.8.14

Колку чини рекламирањето на билборд?

Во Скопје има билборди на секоја поголема раскрсница и долж секој поголем булевар. Ги има со различни димензии. И лесно е да се дознае цената за изнајмување на билборд. На пример, цената за изнајмување билборд (премиум екстра билборд на компанијата Aкцентмедиа) со димензии 5 на 2,4 метри, поставен на многу фреквентно место во Скопје, изнесува 1200 евра месечно. 
Дали е тоа скапо или не? Тоа најдобро се утврдува според формулата на CPM.  Прашањето треба да гласи: колку пари треба да дадете за еден билборд за да го видат 1000 луѓе? Или, колку пари треба да дадете еден билборд  да биде  виден 1000 пати?
Како се пресметува cpm за билборд?

Некои го пресметуваат вака:
Цената на закуп за билборд се дели со производот што се добива од бројот на возила што ја поминуваат дневно раскрсница помножен за 1,7 лица, колку што во просек има во едно возило во Скопје, и помножено со 30,  бројот на денови во месецот.
Ако на најфреквентните раскрсници во Скопје  минуваат по 50 000 возила дневно, според оваа формула се добива огромна бројка од неколку милиони прикажувања.
Бројот на возила дневно на најфреквентна расрскница во Скопје е околку 50 000. Ако во возилото во просек има 1,5 лица, бројката на патници кои поминуваат раскрсницата е околу 75 000.
Меѓутоа, најголемиот дел од возилата (70-80 %) одат на релација од дома до работа и обратно, значи два пати дневно. Тоа значи дека бројот на исти луѓе кои ја поминуваат раскрсницата дневно е 50 000 и ако оваа бројка се подели со 2 (истите луѓе два пати ја поминуваат раскрсницата), тогаш бројот е 25 000 луѓе. Тоа е базата на  потрошувачи и месечно.
Има еден дел од возачи кои и повеќе од 2 пати дневно ја поминуваат истата раскрсница. Помал дел се луѓе од градот кои барем еднаш поминуваат една раскрсница надвор од нивна секојдневна рута. Еден дел се и луѓе од други градови. Нема точни податоци за бројот на овие две групи патници, но се проценува дека нивниот број не е поголем од 20 000 дневно. И во најголемиот дел тоа се луѓе од Куманово, Тетово и Велес. Бројот на патници од други градови е значително помал. Ако го додадеме овој број, поделен со два (и тие патници најчесто дома се враќаат по истата рута), на базата на потрошувачи од 25 000, тогаш ја добиваме бројката од 35 000 патници дневно.
Под претпоставка дека и до 100 000 различни патници влегуваат во Скопје за еден месец, поминувајќи иста раскрсница, може грубо да се процени дека вкупниот број на поединечни патници кои со своите возила поминуваат една раскрсница во Скопје е околу 75 000 (25 000 + 100 000/2) месечно.  Ако се претпостави дека патниците гледаат 70 % од билбордите, тогаш бројот е уште помал (околу 60 000). 
Значи, cpm билборд е 20 евра. 1200 евра (цената на билбордот) поделено со 60 000 (бројот на луѓе кои месечно ќе ја видат рекламата) и помножено со 1000, е 24.

По уникатни гледања


Одговорот на прашањетo: колку пари треба да дадете за еден билборд да го видат 1000 луѓе e 20 евра (1200 денари). Значи, CPM по уникатни гледања за билборд поставен на фреквентна раскрсница во Скопје изнесува 20 евра. 
Cpm по импресии е, сепак, многу поголем. Бројот од 35 000 патници дневно го множиме со два (патниците два пати дневно ја гледаат рекламата) со триесет бројот на деново во месецот) и добиваме бројката од 2 100 000. Ако на оваа бројка ги додаме  и тие 100 000 кои барем еднаш влегле во Скопје, поминувајќи ја истата раскрница, тогаш добиваме бројка од 2 250 000. 2 100 000 + 150 000. Како се добива бројката 150 000? Едноставно, 100 000 помножено со 2 е 200 000. 70% од 200 000 е околу 150 000).

CPM по импресии

Значи, CPM по импресии за билборд поставен на фреквентна раскрсница во Скопје изнесува околку 0,5 евра.
Одговорот на прашањетo: колку пари треба да дадете еден билборд да биде  виден 1000 пати е 0,5 евра. 
Сепак, вистинското прашање е дали рекламирањето со билборди е поевтино од рекламирањето преку интернет?
Иако е поевтино од рекламирањето со флаери, и тоа дури и за десет пати (cpm за флаер е околу 8 евра), рекламирањето со билборди не може да се мери со рекламирањето преку интернет. 
Рекламирањето преку интернет е далеку поевтино. 
На пример, рекламирањето со keepaneye.mk е најмалку 15 пати поевтино од рекламирањето преку билборди! 
Тоа конкретно значи, дека место да дадете 1200 евра за изнајмување еден билборд, со пакет од само 50 до 100 евра за рекламирање преку keepaneye вие ќе постигнете ист број прикажувања на рекламата (Keep an eye – cpm = 0,09 евра, по импресии)

За 100 евра добивате 4 милиони импресии, односно 4 милиони прикажувања на 90 веб сајтови.
Или, од друга перспектива, рекламирањето со keepaneye.mk може да биде и преку 5 пати поевтино! На пример, за 100 евра вашата реклама  поставена преку keepaneye.mk ќе ја видат две третини од интернет корисниците во Македонија, или 900 000 луѓе. За таков ефект ви требаат 15 билборди и тоа поставени во неколку градови во Македонија (Keep an eye – cpm = 0,5 евра, по уникатни импресии).



No comments:

Post a Comment

Note: only a member of this blog may post a comment.