Online vs offline


Во рекламирањето сите имаат иста цел: да привлечат што повеќе купувачи

Која е користа од интернет рекламирањето наспроти традиционалното рекламирање? Во рекламирањето сите имаат иста цел: да привлечат што повеќе купувачи. Се делат флаери, се прават реклами за радио, телевизија. Се работи за тоа луѓето да разберат за вас и да знаат за вас. И, конечно, да го купат тоа што го нудите.

Притоа, треба да ги знаете одговорите на неколку прашања: кој медиум ќе го користите за рекламирање? Дали знаете колку чини рекламирањето во зависност од тоа кој медиум го користите и колку луѓе може да ја видат рекламата? Колку е рекламирањето на интернет поефикасно и поевтино од традиционалните реклами?
Одговорите на овие прашања ќе ви заштедат пари. На пример, ако отпечатите 6000 наједноставни флаери по цена од 1 денар по флаер, тоа ќе ве чини околу 100 евра, без да ја вклучите цената за дизајнот и трошоците за дистрибуција. Најоптимистичкото очекување е еден флаер да го видат двајца луѓе. Инаку, се смета дека само 10 до 17% од флаерите воопшто некој ги гледа. Значи, само 600 до 1000 флаери ќе ја постигнат целта. Но, да претпоставиме дека сите 6000 флаери ќе ги видат 12 000 луѓе (според најоптимистичкото и, за волја на вистината, нереално очекување). Според формулата на CPM  цената на флаерот е над 8 евра. Ова кажува: за да ве видат 1000 луѓе треба да одвоите околу 8 евра.


Со платформата Keepaneye.mk може да направите милиони импресии


Колку чини рекламирањето со Keepaneye.mk? Со платформата Keepaneye.mk може да направите неколку милиони импресии (прикажувања) на 90-тина веб сајтови на македонскиот интернет простор. Ќе Ве види мнозинството интернет корисниците во Македонија, односно околу 700 000 луѓе. И тоа ќе ве чини 100 евра. Според формулата на CPM цената на Keepaneye.mk рекламите е 0,025 евра! Тоа е речиси 100 пати поевтино!
Притоа, добивате можности кои ги немате со флаерот. Можете да ја менувате содржината на рекламната порака колку пати сакате. Може да нудите различни производи и услуги. Можете да мерите кој производ е најатрактивен за заинтересираните. Може да мерите кој слоган и која фотографија привлекуваат најмногу корисници на интернет. Може да мерите колку корисници го виделе вашата веб сајт преку рекламите на Keepaneye.mk.
Тоа го прави рекламирањето преку Keepaneye.mk многу понапредно и пософистицирано од рекламирањето со флаери. Користа од интернет рекламирањето е очигледна. И со мал буџет може да постигнете многу повеќе отколку со традиционалните форми на рекламирање. 

No comments:

Post a Comment

Note: only a member of this blog may post a comment.