18.2.15

Колку чини рекламирањето на радио






Радио Бубамара е најслушаното радио во категоријата регионални радија со 52,4 проценти слушаност во однос на другите канали. Ова го покажал извештајот од извршеното испитување за мислењето на публиката за различни програми на домашните телевизиски и радиоканали, спроведено во април 2013 година. Анкетата била спроведена на територијата на Македонија, на репрезентативен случаен примерок од 1.070 испитаници од популацијата на возраст од 18 и повеќе години.
Второ по слушаност е радиото Фортуна со 27,4 проценти, Лајф со 23,8 и Сити со 20, 2 слушаност. Од националните радија предничи Антена со 56,7 проценти слушаност.

МЕСЕЧНО РЕКЛАМИРАЊЕ НА РАДИО БУБАМАРА

Да пресметаме. Од 700 000 жители во скопскиот регион половина е 350 000. И ако од оваа бројка ги одземеме децата до 7-8 години (кои малку веројатно слушаат радио, и уште помалку ги разбираат пораките на рекламите), добиваме бројка од околу 270 000. Значи, може да се земе како прилично веродостоен факт дека најмногу 270 000 луѓе во скопскиот регион месечно слушаат Радио Бубамара.
На сајтот на Радио Бубамара ќе ја најдете оваа понуда:
30 дена,  5 емитувања дневно до 15 секунди чини 67.500 денари, или околу 1100 евра.

Сега лесно може да се пресмета cpm за реклама на радио во Македонија. 

Според формулата, 

цена на оглас
-----------------          X 1000 слушатели = цена по илјада АУДИО контакти со корисници,
опфат на слушатели

математиката кажува вака,

1100 евра
----------------- X 1000 слушатели =  4 евра
270 000

Ова е еден од поевтините начини на офлајн рекламирање. Плаќаш 4 евра да те слушнат илјада луѓе. Може некому тоа е е евтино. Но, не е така. Тимот на mediosolutions има поинакви сознанија: рекламирањето на радио  е повеќе од 25 пати поскапо од рекламирањето онлајн со платформата keepaneye за која cpm е 0,15 евра!

Притоа, мора да се каже, онлајн рекламирањето има и други предности. Така, место 5 пати дневно, рекламите на keepaneye се гледаат постојано на преку 500 позиции на околу 100 веб сајтови и на илјадници страници на интернет во Македонија. Без разлика на интересот на интернет корисниците, без разлика дали ги отвораат само спортските страници, или само култура, или само забава, тие секогаш ќе ја види рекламата поставена од кeepaneye.






No comments:

Post a Comment

Note: only a member of this blog may post a comment.