11.6.14

Зошто да се рекламирате на интернет?






Која е користа од рекламирањето на интернет наспроти традиционалното рекламирање? Рекламирањето на интернет е поевтино. Во рекламирањето сите имаат иста цел: да се привлечат што повеќе купувачи. Се делат флаери, се прават реклами за радио, телевизија. Се работи за тоа луѓето да разберат за вас и да знаат за вас. И, конечно, да го купат тоа што го нудите.
Притоа, треба да ги знаете одговорите на неколку прашања: кој медиум ќе го користите за рекламирање? Дали знаете колку чини рекламирањето во зависност од тоа кој медиум го користите и колку луѓе може да ја видат рекламата? Колку е рекламирањето на интернет поефикасно и поевтино од традиционалните реклами?
Одговорите на овие прашања ќе ви заштедат пари. На пример, ако отпечатите 6000 наједноставни флаери по цена од 1 денар по флаери, т
оа ќе ве чини околу 100 евра. Без дизајнот и трошоците за дистрибуција. Најоптимистичкото очекување е флаерот да го видат двајца луѓе. Инаку, се смета дека само 10 до 17 % од флаерите воопшто некој ги гледа. Значи, само 600 до 1000 флаери ќе ја постигнат целта. Но, да претпоставиме дека сите флаери ќе ги видат 12 000 луѓе (тоа е најоптимистичкото и, за жал, нереално очекувачање). Според формулата на CPM цената на флаерот е над 8 евра. Ова кажува: за да ве видат 1000 луѓе треба да одвоите околу 8 евра.

A, колку чини рекламирањето рекламирањето на интернет? Да ја земеме за пример една од платформите на mediasolutions.mk - платформата keepaneye.mk? Со платформата keepaneye.mk може да направите неколку милиони импресии (прикажувања) на 90-тина веб страници на македонскиот интернет простор. Ќе ве видат и до 2 третини од интернет корисниците во Македонија, односно околу 700 000 луѓе. И тоа ќе ве чини исто 100 евра. Според формулата на CPM цената на keepaneye.mk рекламите е 0,03 евра! Тоа е повеќе од 200 пати поевтино!
Притоа, добивате можности кои ги немате со флаерот. Можете да ја менувате содржината на рекламната порака колку пати сакате. Слично на chat на фејсбук. Може да нудите различни производи и услуги. Можете да мерите кој производ е најатрактивен за заинтересираните. Може да мерите колку корисници ја виделе вашата веб страница преку рекламите на keepaneye.mk.
Тоа го прави рекламирањето преку keepaneye.mk многу понапредно и пософистицирано од рекламирањето со флаери. Користа од интернет рекламирањето е очигледна. И со мал буџет за рекламирање може да постигнете многу повеќе отколку со традиционалните форми на рекламирање. 



No comments:

Post a Comment

Note: only a member of this blog may post a comment.