2.7.14

Како фирмите одлучуваат на кои портали или сајтови ќе се рекламираат?

До пред една година компаниите заедно со своите традиционални маркетинг-агенции најчесто ги избираа сајтовите на коишто ќе одат нивните реклами според мерењата на Google Analytics или Alexa или според нивната перцепција за квалитетот на сајтот и неговата посетеност, што неретко се разликуваше од реалноста. Од пред нешто повеќе од една година од страна на здружението за интернет-маркетинг ИАБ Македонија, каде што членуваат претставници од сајтови, маркетинг-агенции, дигитални агенции и поголеми клиенти огласувачи, беше избран независен мерач на интернет-сообраќајот и во Македонија, компанијата Gemius. Gemius, освен во Македонија, ги спроведува мерењата и прави анализи на интернет-посетителите и нивното однесување уште во над 30 земји во светот. Разликата меѓу мерењата на Gemius и претходно споменатите сервиси е тоа што Gemius е трета, независна страна, којашто прави комплетна анализа на интернет-однесувањето на посетителите на сите сајтови што се мерат и анализата е јавно достапна на сајтот audience.mk. Друга разлика е што маркетинг-агенциите имаат независен пристап до информациите за сообраќајот и за комплетната социодемографска структура, не ги добиваат податоците од сајтовите, коишто на тој начин би биле отворени за дополнителни интервенции и затоа се нерелевантни.

No comments:

Post a Comment

Note: only a member of this blog may post a comment.