Рекламирањето на интернет во Македонија е на ниско ниво на развој и значително
заостанува зад земјите од нашиот регион и е далеку зад развиените држави
во Европската унија. Компаниите кај нас не се рекламираат на интернет како во другите земји. Заостануваме по сите параметри: и како апсолутна вредност на
буџетот, и како удел од вкупниот маркетинг-колач во споредба со другите
медиуми, и како понуда на банери по импресии од страна на
веб-сајтовите, и како контент (атрактивни креативи дизајнирани
специјално за интернет-просторот). Во споредба со претходната година,
буџетот за интернет-маркетинг во Македонија е дури и намален. Тој е помал за 0,3 проценти.
Според Ипсос Стратеџик Палс (Ipsos Strategic Pulse), вкупниот буџет за онлајн-маркетинг што го издвоиле сите компании во Македонија во изминатите четири години не надминал 2 милиони евра.
Според официјалните ценовници (во кои не се вклучени попусти, бонуси, компензации - кои, според Ipsos Strategic Pulse, вкупно може да ја намалат официјалната бројка и за 50 %) ја имаме следнава состојба во претходните четири години:

2012 - 1.945.715 евра
2011 - 1.656.582 евра
2010 - 1.280.438 евра

No comments:
Post a Comment
Note: only a member of this blog may post a comment.